РСЕ: Шпанија со закана дека нема да учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб поради Косово

Од:

Шпанија се заканува дека ќе го бојкотира самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб поради учеството во Приштина, јави Радио Слободна Европа (РСЕ), повикувајќи се на „доверливи извори“ во Мадрид, Загреб и Брисел.

Шпанските власти ги предупредиле домаќините на самитот, што ќе се одржи во мај, дека нема да учествуваат на собир каде „Косово има еднаков статус со другите земји од Западен Балкан“.

РСЕ исто така тврди од повеќе извори дека дипломати од други земји-членки на ЕУ веќе се информирани дека е можно Шпанија, која е една од петте држави на ЕУ, која не ја признава независноста на Косово, да го прескокне самитот во Загреб.

Писмениот одговор од шпанското Постојано претставништво во ЕУ нагласува дека е рано да се потврди учеството на премиерот, бидејќи Шпанија се уште не добила покана од хрватското претседателство.

РСЕ оценува дека претседателот на хрватскиот парламент Гордан Јандроковиќ исто така индиректно признал дека работите не одат непречено во организацијата на самитот, поради цврстиот став на една земја-членка.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска: Три деца загинаа во пожар

ЕУ ќе обезбеди дополнителна воена помош за Украина

Заклучоците за Украина усвоени во Брисел, „за“ беа 26 од 27 земји

Горан Наумовски

Зеленски им се заблагодари на европските лидери за нивната поддршка на самитот во Брисел

Со церемонија пред Собранието Гаши го пречека претседателот на хрватскиот Сабор

Фрлена бомба во куќата на познат хрватски фудбалски менаџер