РСЕ: И Романија и Кипар не го сакаат Косово на самитот ЕУ-Западен Балкан

Од:

Романија и Кипар се приклучија на Шпанија во одбивањето да присуствуваат на самитот ЕУ-Западен Балкан, бидејќи не сакаат да седнат на иста маса со косовскот претставник.

Тие, како и Шпанија, сметаат дека Косово не треба да биде рамноправно третирана со останатите земји од регионот и поради тоа одбиваат да се појават на самитот, закажан за 17 мај во Софија, пренесува Радио Слободна Европа.

Повикувајќи се на извори од ЕУ, РСЕ потврдува дека на шпанскиот став се приклучиле и Романија и Кипар.

Овие три земји-членки на ЕУ предупредуваат дека нема да учествуваат на собирот каде што Косово се третира како држава и каде што на таа земја ѝ се ветува европска иднина како и на останатите земји од Западен Балкан.

– Претставници на овие земји не сакаат да бидат на иста маса со косовскиот претставник и одбиваат да се сликаат на крајот на самитот на „фамилијардната слика“, се вели во Радио Слободна Евроа.

Според нив, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск е во интензивни преговори со шпанскиот премиер Рахој во обид за преминување на препреките, но сега се отворени уште два нови фронта.

Поради ваквиот тврд став на овие земји, се отвора прашањето за успешноста на самитот, кој се одржува по 15 години и кој требаше да биде важен момент во бугарското претседателство со Европската Унија.

РСЕ потсетува дека шпанските медиуми во неколку наврати објавија дека премиерот Рахој не е сигурен патник на самитот во Софија и дека таму Шпанија би можела да биде претставувана од Португалија.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Романија