Романскиот Парламент ја одобри новата Влада на премиерот Кацу

Од:

Романскиот Парламент денеска ја одобри новата Влада, која како премиер ќе ја води поранешниот инверстициски банкар и министер за финансии Флорин Кацу. „За“ новата Влада гласаа 260 од 465 пратеници во дводомниот парламент, додека 186 пратеници беа „против“.

– Ве уверувам дека нема да играм на вашата доверба, изјави Кацу пред Парламентот.

Тој додаде дека Владата ќе стори се што е во нејзина моќ да постигне две цели: што побрзо да се излезе од здравствената криза предизвикана од пандемијата и да ја врати економијата на нозе.

Кацу работеше како економист во Централната банка на Нов Зеланд и Европската инвестициска банка пред да влезе во политиката во 2016 година. Новиот романски премиер студирал во САД. Тој е член на Национал-либералната партија, чиј лидер и поранешен премиер Лудовик Орбан поднесе оставка по изборите одржани на 6 декември.

Кацу е поддржан од три други партии, со што се стекна со мнозинство во Парламентот.

Опозициската Социјалдемократска партија освои најмногу гласови на изборите на 6 декември – 30 проценти, но не можеше да добие поддршка од повеќе од половина од пратениците потребни за формирање влада.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет