Романија: 75 луѓе спасени од планинските предели, 25 завршија во болница

Од:

Најмалку 75 лица се спасени во претходните 24 часа во романските планински области, додека 25 од нив морале да бидат хоспитализирани, соопшти денеска спасувачката служба Салвамонт Романија.

Во претходните 24 часа, Салвамонт примил 67 повици со барање за итна интервенција на спасувачите, се наведува на веб-страницата на организацијата.

Службите во областите Воинеаса, Брашов и Лупени добиле најмногу повици. Исто така, примени се 37 повици со барање за совет за различни туристички рути во планинските предели и скијачките центри. Засега не е соопштена состојбата на хоспитализираните лица, јавува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски