Рибар уловил пирана во Лесковац

Од:

Во реката Ветерница која минува низ Лесковац, рибарот Драган Михајловиќ уловил пирана тешка 900 грама и долга 35 сантиметри.

Рибарите и граѓаните се изненадени, но и уплашени поради уловот на една од најопасните риби.

Пираните живеат во реката Амазон во Јужна Америка и ги има 30 различни по вид.

Рибарите од Лесковац не знаат како би можело пирана да се појави во реката која минува низ нивниот град.

Тие не ја отфрлаат и варијантата дека рибата ја фрлил некој кој ја чувал претходно во аквариум и додаваат дека во Ветерница има доволно храна, пираната да преживее.

 

Би можело да ве интересира

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска