Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Од:

Клубот на пратениците на Бошњачката партија денеска во собраниска процедура го достави предлогот за Резолуција за геноцидот во Шаховиќи, кој го потпишаа сите шест пратеници на таа партија. Ова доаѓа по усовјувањето на Резолуцијата за геноцид во Сребреница, но и по притисокот на српските партии и усвојувањето на Резолуцијата за геноцид во Јасеновац.

Предлогот за резолуција за геноцидот во Шаховиќи, како што соопштија, е инициран од Комитетот за одбележување на стогодишнината од геноцидот во Шаховиќ, на чело со Рифат Фејзиќ, поглавар на Исламската заедница во Црна Гора, како претседател и академик Шербо Растодер како потпретседател.

„Нема вистинско соочување со минатото додека не зборуваме за сите злосторства што се случија и кои ја оптоваруваат попросперитетната иднина за сите наши граѓани. Предуслов за подобри односи е утврдување на одговорност и јасна осуда на сите тие злосторства. Масакрот што се случи во Шаховиќи, а тоа во мирнодопски период, за секој Бошњак е голема рана и болка, која е свежа и денес, 100 години по тоа злосторство, и тој секако заслужува да биде јасно дефиниран од ова општество да добие симбол, но и да го добие своето место во колективното учење и сеќавање на сите граѓани на Црна Гора, како израз на цивилизираниот однос кон ова злосторство, на вакви злосторства воопшто, но и од почит кон жртвите и почит кон нивните семејства и потомци“, објави Ервин Ибрахимовиќ од Бошњачката партија.

Очекуваат пратениците од другите партии „одговорно да се однесуваат кон ова прашање“ и да ја поддржат резолуцијата.

Би можело да ве интересира

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во Клиничкиот центар во Ниш од Воената болница