Речиси половина од борци на ПКК ја напуштиле Турција

Од:

Околу половина од борците на Курдската работничка партија (ПКК) ја напуштиле Турција од почетокот на кампањата за нивно повлекување од земјата на повик на курдскиот бунтовнички лидер Абдула Оџалан, објави турскиот сајт на англиски јазик „Ворлд булитин“.

Повлекувањето на борците на ПКК, кое започна на 8 мај, е дел од процесот за решавање на курдското прашање во Турција, започнат во октомври 2012 година од турските власти.

Весникот „Хуриет“ наведува дека три групи од по 50 членови на организацијата ги напуштиле турските градови Дијарбекир, Бингол и Битлис неодамна, заминувајќи за камп во Северен Ирак. Групи на ПКК од селските региони во близина на Црното Море и округот Сивас, исто така, почнале да се повлекуваат.

Сепак додека повлекувањето продолжува, борците на ПКК надвор од границите на Турција се подготвуваат за враќање на вооружениот конфилкт доколку властите не ги направат ветените отстапки.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски