Реакција на српското МНР за изјавата на Рама

Од:

Министерството за надворешни работи на Србија реагираше на изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за можното обединување на Албанија и Косово така што испрати соодветни инструкции до сите мисии при меѓународните организации и амбасади во земјите-членки на ЕУ, на СБ на ОН и до соседните земји, објави „Данас“.

Весникот наведува дека упатено е писмо и до претседавачот на Советот за безбедност при Обединетите нации со барање писмото да биде документ на СБ.

Во заедничко интервју на Рама и министерот за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи, за приштинската телевизија „Клан Косово“, албанскиот премиер изјави дека „обединувањето на Косово и Албанија има две алтернативи и оти се зависи од пристапот на ЕУ“.

Рама наведе дека првата е обединување во ЕУ, но ако Унијата продолжи да ги затвора вратите на интеграција н а Косово тогаш „двете држави ќе бидат принудени да се обединат на класичен начин“.

Заедничката изјава на Рама и Тачи за обединување на Албанија и Косово ја критикуваше Европската комисија, нагласувајќи оти тоа е провокација која не е во согласност со политиката на соработка во регионот.

Би можело да ве интересира

Мажот четири пати изгубил свест, лицето на сопругата згмечено: Крваво претепување на брачна двојка во белградска кафеана

ВИДЕО: Страотен судир на автобус и автомобил кај Младеновац, еден мртов над 30 повредени

Катерина Ѓуровски

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка