Ратко Младиќ му ја опцу „турската мајка“ на заштитениот сведок

Од:

Воениот лидер на босанските Срби Ратко Младиќ денеска повторно беше отстранет од хашката судница бидејќи на заштитениот сведок му ја опцу „турската мајка“, а судијата го нарече „мечка“.

Младиќ за изјавата на заштитениот сведок РМ-346, кој го преживеал стрелањето на стотци заробени Бошњаци на воена фарма Брањево на 16 јули 1995 година, изјави дека лаже. Поради тоа судијата Алфонсо Ориеа наредил Младиќ да ја напушти судијата.

Додека Младиќ ја напуштал судицата повторно го опцу заштитниот сведок, а судијата го нарече „мечка“.

Генерал Младиќ обвинет е за воени злосторства и геноцид над повеќе од 8.000 мажи и момчиња во Сребреница, откако Војската на Република Српска на 11 јули 1995 година ја зазеде енклавата кој беше под заштита на Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска

Тачи и Весели остануваат во притвор во Хаг

Ана Ололовска