Расте бројот на новозаразени од коронавирус во Албанија

Од:

Во последните неколку дена во Албанија се забележува раст на бројот на новозаразени со коронавирусот, што според епидемиолозите е последица на групирањата за време на новогодишните и божикните празници, на што предупредуваа и претходно.

-Во последните 24 часа од тестираните 3.307 сомнителни случаи опасниот вирус е дијагностициран кај 707, што е околу 24 отсто од тестираните, што е раст на инциденцата за шест процентни поени.

Во исто време, 439 пациенти оздравеле, додека четворица пациенти, на возраст од 76 до 89 години, ја загубиле битката со вирусот, информираше Министерството за здравство и социјална заштита.

Се додава дека во четирите ковид болници се третираат 268 пациенти, 29 на интензивна терапија,од нив четворица се интубирани.

-Во изминатите десет месеци во земјата направени се 300.413 тестови, позитивен резултат е добиен кај 65.334, што е 22 отсто од тестираните. Битката со опасниот вирус ја добија 38.860, активни на болеста се 25.218, додека за жал и покрај сите напори на лекарите, починаа 1.256 лица, додаваат од министерството.

Иако официјалните податоци говорат дека во земјата бројот на заразените до крајот на минатата година биле над 60 илјади, во последната студија на албанската академија на науките, реалната бројка на заразени со Ковид-19 во земјата е околу 600 илјади.

Во меѓувреме продолжува вакцинацијата на здравствените работници од четирите ковид болници со вакцините кои Албанија,како што кажа премиерот Еди Рама, ги доби како донација од пријателска земја членка на ЕУ.

Станува збор за 975 дози вакцини,од кои на 11 овој месец,кога и почна вакцинацијата првата доза ја прими и премиерот Рама. Следната недела треба да да пристигнат 10.750 вакцини договорени со Фајзер.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија