Рама во Приштина на средби со државниот врв и партиските лидери

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама ќе престојува денеска во еднодневна посета на Косово, каде што ќе има средби со водачите на државните институции, како и со лидерите на неколку политички партии, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според агендата на посетата, првата средба, во 13.15 часот, Рама ќе ја има со лидерот на партијата Социјалдемократска иницијатива (Нисма), Фатмир Лимај, а подоцна ќе има одвоени средби и со претседателите на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Демократската партија на Косово (ПДК), Иса Мустафа и Кадри Весели.

За време на престојот во Приштина, каде што, според најавите, ќе биде придружуван од шефот на албансаката дипломатија, Гент Цакај, Рама ќе се сретне и со претседателот на Косово Хашим Тачи, премиерот Авдулах Хоти и претседателката на Собранието Вјоса Османи.

Средбата со Тачи е закажана за во 18.50 часот, непосредно пред најавеното обраќање до јавноста (во 20 часот) на косовскиот претседател во врска со веста дека против него и лидерот на ПДК Весели, како основачи и водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) е подигнато обвинение пред Меѓународниот суд за Косово.

Дел од косовските медиуми ја толкуваат посетата на Рама како негова поддршка за Тачи и Весели и за другите водачи и припадници на некогашната ОВК.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана