Рама: Прекинот на односите со Иран не е голема загуба за Албанија

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Вашингтон пост“ оцени дека прекинот на дипломатските односи со Иран, поради кибер-напади, „не е голема загуба“ за неговата земја.

dobivaj vesti na viber

Тој вели дека “албанската Влада ќе размисли за обновување на односите со Иран само кога Иран ќе биде слободен”, бидејќи, како што рече, „Иран повторно ќе ја нападне Албанија”.

Според Рама, иранските хакери планирале да уништат 95 отсто од онлајн владините услуги, но не успеале.

– Нашите согледувања сега се дека не успеаја да ја уништат инфраструктурата. Услугите се вратија. Тие добија некои услуги, но практично не беа од некоја посебна важност. Албанија немаше значајни односи со Иран, па затоа прекинот на дипломатските односи не беше голема загуба, рече Рама.

Тој додаде дека другите земји „можеби ќе можат да го прифатат пристапот што го направи Албанија“.

-Тоа во зависност, прво, од темелноста на секоја истрага, за да се чувствуваат сигурни во протерувањето дипломати и второ од степенот на штетата предизвикана од нападите, изјави Рама, јави abcnews.al.
Шефот на албанската влада и во обраќањето пред Генералното собрание на ОН ја повика светската организација да го сврти погледот кон кибер- безбедноста.

– Ги повикувам ОН, вклучително и Советот за безбедност, да се фокусираат посериозно и поконкретно кон кибер- безбедноста преку инвестирање во превенција и помагање за сите земји-членки да изградат отпорност, вели Рама.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иранските безбедносни сили убија демонстрант кој го прославувал испаѓањето на репрезентацијата од Мундијалот во Катар

Ана Ололовска

Италијански обвинител: Албанската мафија е меѓу трите најопасни во Европа

А1он

Хјуман рајтс воч: Најмалку 448 лица загинаа во задушувањето на протестите во Иран

Албанија на британскиот список „безбедни земји“, барателите на азил побрзо ќе бидат депортирани

А1он

Албанија ја одбележа 78-годишнината од ослободувањето

А1он

Повеќе од 700 затвореници ослободени во Иран поради победата на фудбалерите над Велс на СП