Рама: Обезбедувањето вакцини е сон поради кој не можам да спијам

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама денеска од Лежа порача дека само прашање на ден е отпочнувањето на масовната вакцинација на населението против Ковид-19, со што, како го оцени ќе биде спасен туризмот и ќе биде голема помош за бизнисот.

Вакцината, нагласи тој, е единствената алатка, единствената „секира“ што ќе го прекине синџирот на инфекција.

-Ако извршиме масовна вакцинација во периодот од март до средината на јуни, ќе имаме туристичка сезона многу поразлична од онаа што ја имавме. Со вакцинирање на белите мантили и старите лица над 80 години започна процес на заштита, но за да го пресечеме синџирот, ќе преминеме во друга фаза. За ова ни треба друго количество вакцини. Ова е сонот што ме остава без спиење: како да обезбедиме вакцини против вирусот, изјави Рама.

Премиерот Еди Рама рече дека речиси цела Европа и светот се соочуваат со тешкотии во обезбедувањето анти-ковид вакцини и додаде дека истите е многу тешко да се обезбедат.

Одгорајќи на прашање дали Албанија ќе набави кинески и руски вакцини, тој го посочи примерот на Германија, која, според него, преговара со Кина и Русија за вакцини.

-Се е можно. Не примањето руска или кинеска вакцина не е геополитичко прашање, туку прашањето е што нема вакцини. Јас сум многу убеден дека ќе сториме нешто и ќе почнеме масовна вакцинација, рече Рама.

Од 11 јануари кога почна вакцинацијата против Ковид-19, досега во Албанија се опфатени околу 20.000 лица, здравствени работници и лица над 80-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија