Рама: Обединување на Косово и Албанија во ЕУ или на класичен начин

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека неговата земја и Косово „ќе се обединат на класичен начин“, доколку ЕУ не ги отвори вратите за евроинтеграција на Косово и визна либерализација.

Во заедничкото интервју со косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи за приштинската телевизија „Клан Косово“, Рама изјави дека обединувањето на Косово и Албанија има две алтернативи и се зависи од пристапот на ЕУ.

Тој истакна дека „прво е обединување во ЕУ, но ако Унијата продолжи да ги затвора вратите за интеграција на Косово, тогаш двете држави ќе бидат принудени да се обединат на класичен начин“.

Осврнувајќи се на изјавата на албанскиот премиер, Тачи нагласи дека Рама воопшто не упатил закана до ЕУ, туку станува збор за реалност која може да се оствари во иднина како резултат на изолација на Косово од Унијата.

Од друга страна, српскиот премиер Александар Вучиќ, како реакција на изјавата на Рама, порача дека Косово и Албанија никогаш нема да се обединат.

– Му ветувам на премиерот Рама дека Косово и Албанија, како што вели тој на класичен начин, никогаш нема да се обединат. Затоа ги молам албанските лидери да престанат со натамошно предизвикување нестабилност во регионот, напиша Вучиќ на Твитер.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ