Рама: Не сум се заканил со вето за приемот на Македонија во НАТО

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама денеска негира дека се заканил со вето за приемот на Македонија во НАТО. На заедничката прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ во Тирана, Рама рече дека побарал само целосно почитување на Рамковниот договор.

– Нити сум се заканил, ниту сум прогласил став за вето, зборот вето вие сте го ставиле (новинарите) со помош на извесни политичари во Тирана. Ние сме членка на НАТО и зборуваме во име на НАТО, кога се зборува за тоа. Не е ниту закана ниту блокада, туку само став, изјави Рама.

За настаните во Куманово, албанскиот премиер оцени дека покажале колку е кревок мирот на Балканот.

– Неспорен интерес на Албанија и на Албанците во Македонија е територијалниот интегритет и функционирањето на Македонија, рече Рама.

За Албанија, според него, е неприфатливо загрозувањето на територијалниот интегритет на која било држава и смета дека тоа е неприфатливо за одржување на демократијата, стабилноста и мирот во регионот.

– Повреда на интегритетот и нефункционирањето на Македонија е неприфатливо за нас. Ние сакаме да се имплементира Охридскиот договор. Албанците и Македонците се конститутивни фактори, рече Рама.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димни бомби и пожар во албанскиот парламент

А1он

Големи пожари избувнаа во Албанија, четири лица уапсени

Рама: Чекаме пред врата со години, повеќе ништо не ме изненадува од Брисел

Ландов

Албанскиот премиер Рама го откажа патувањето за Њујорк, вечерва се враќа од Франкфурт

Ана Ололовска

Меркел и порача на Тирана: Исполнете ги предвидените реформи

Емир Латифовиќ

Светска банка и додели на Албанија 1,2 милијарди долари за следните пет години

Емир Латифовиќ