Меркел и порача на Тирана: Исполнете ги предвидените реформи

Од:

Германија ја подржува Албанија на патот до ЕУ но за да стигне до целта потребно е исполнување на предвидените стандради кои всушност и го определуваат рокот за пристапување во европското семесјтво,порача од Тирана гермаnската канцелaрка Ангела Меркел на попладневната заедничка прес конференциоја со нејзиниот домаќин, албанскиот премиер Еди Рама.

Според Меркел, со Рама разговарале и за еконмски прашања, при што посoчила дека за земјата е многу значајно создавање услови на таков начин што инвеститорите би имале доверба.

-Имаме големи можности да постигнеме уште подобри резултати во економската соработка.За Албанија значајно е создавање законски услови, бидејќи инвеститорите сакаат да имаат доверба во законските услови. Ние ја подржуваме Албанија во овој правец. Разговаравме и за реформите во прaвосудниот систем. Албанија има можности да го корсти европското искуство, посебно во борбата против корупцијата, – ијавила Меркел.

Во врска со масовниот наплив на азиланти од Албанија, Меркел изјавила дека со Рама разговарале и на оваа тема , додавајаќи дека албанските граѓани не може да добијат азил, бидејќи земјата се смета за безбедна.

-Не сакаме азиланти, ние посакуваме силна работа сила, – нагласила Меркел.

Рама искажа голема благодарнсот за посетата на Меркел, со која имал посебна чест во текот на една година да се сретне и разговара дури трипати.

– Перспелтивата на ЕУ не е поделена перспектива, посебно за оние кои сакаат да излезат од неа или оние кои сакаатаа да влезат во неа. Интеграцијата на Западен Балкан не е наша обична потреба туку се повеќе на ЕУ како проект на мирот, рекол меѓу другото Рама.

Би можело да ве интересира

Хоти и Рама на средбата во Тирана се договорија за три стратешки проекти

А1он

Албанија ќе биде потпретседател на 75-та седница на Генералното собрание на ОН

Ана Ололовска

Се намалува бројот на новозаразени од коронавирус во Албанија

А1он

Албанија ќе гради прифатни кампови за мигрантите

А1он

Пандемијата предизивка пад на економијата и зголемена потрошувачка во Албанија

Ана Ололовска

МД „Илинден“ бара од владите во Тирана и Скопје отворање на граничниот премин Стеблево-Ласкајца

Ана Ололовска

Leave a Comment

15 + seventeen =