(ВИДЕО) Димни бомби и пожар во албанскиот парламент

Од:

Во албанскиот парламент е буџетот за 2024 година, но седницата наместо дебата ја одбележаа пратениците на опозицијата, кои активираа димни бомби. Информацијата ја пренесува „АБЦ Њуз“, од каде велат дека веднаш штом почнала седницата, опозициските пратеници направиле барикади од столици, по што ги активирале димните бомби.

Тие потоа се обидоа да ја блокираат и говорницата, но обезбедувањето ги спречи, што пак заврши со конфликт помеѓу опозиционерот Газмент Барди и Газменд Лика, член на обезбедувањето.

Седницата траеше околу 5 минути, по што буџетот беше начелно изгласан. Поради чадот во Собранието, немаше ниту расправа, а во еден момент, избувна и мал пожар.

На седницата беше присутен и премиерот Еди Рама, но за брзо ја напушти.

Би можело да ве интересира

Славевски ќе ја тужи Арсовска: Ме обвини дека фалсификувам, подобро да не дојдеше, ја отру атмосферата

Орце Костов

Не помина Законот за амнестија: 17 пратеници гласаа „за“, а 66 „против“

Александар Тодески

Гори во Ѓорче Петров, близу пожарот има куќи

А1он

Мнозинството од понеделник со нов обид да го помине Законот за игри на среќа со европско знаменце

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија

Александар Тодески

(ВИДЕО) „Вицепремиере зошто сега не намигнувате?“: ВМРО-ДПМНЕ ја блокира седницата и бара оставка од Маричиќ

Орце Костов