Славевски ќе ја тужи Арсовска: Ме обвини дека фалсификувам, подобро да не дојдеше, ја отру атмосферата

Од:

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески најави тужба за клевета против градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Арсовска за време на денешната итна седница на Советот на Град Скопје го обвини Славески за фалсификување на потписи.

„Таа ќе добие тужба за клевета затоа што јас не сум фалсификувал потписи, јас не можам да фалсификувам мој потпис. Мој потпис е ставен на гласање ЗА за две советнички кои ги вклучивме онлајн на седница на Советот, едната поради патолошка бременост, другата поради лекување од рак. Тоа е тешко обвинение за фалсификат. Јас ги имам списоците, имам копија со знаење на сите тука, на службите јас имам потпишано со ЗА до нивните имиња, јас не можам да го фалсификувам мојот потпис“, рече Славески.

Славески заклучи дека градоначалничката Арсовска не придонела во работата на Советот, туку држела политички говор.

„Ја отрувте атмосферата со политички говор, подобро да не дојдевте тука се работеше“, рече Славески.

Би можело да ве интересира

Арсовска до ОЈО достави 20 нови предмети во врска со градби во Чаир

А1он

Арсовска: Обвинителството започна постапката по првата пријава за фалсификатите од Општина Чаир

Арсовска: Висар Ганиу и Ејуп Адеми му овозможиле легализација на уште еден малолетник Адис Беќаровски, врз основа на барање кога имал 5 години

Град Скопје: Во сабота и недела ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци

Арсовска достави документи за 20 случаи за легализирани дивоградби во Чаир до Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Доставивме нови документи до Обвинителство со фалсификатите на Висар Ганиу

А1он