Адеми: По оваа постапка ќе се исцрта патоказот каде ќе се движи правосудството и неговата независност

Од:

По две точки се бара одговорност од претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, кажа членот на Судскиот совет Миљазим Мустафа, кој го иницираше барањето за одговорност. Првата, како што кажа, е за непојавување на 21 седница во период од мај до октомври, а втората затоа што отсуствувалa од работниот состанок на 6 ноември на кој беше повикана, за да каже дали имало и од каде биле политичките притисоци.

Адеми пак, во своето излагање, кажа дека исходот ќе го исцрта патоказот по кое ќе се движи правосудството во иднината.

„Ова не е обична расправа. Исходот на оваа постапка ќе ја одреди судбината на нашето судство. За нас ова е многу значаен историски ден. По исходот на оваа постапка ќе се исцртаат патоказите по кои ќе се движи правосудството во иднина, за неговата независност. Тука станува збор за постапка на одговорност на претседателот на највисокиот суд на државата и ги тангира сите чинители во правосудниот систем“, рече Адеми.

Адвокатката на Адеми, Павлина Зефиќ-Јакимовска пак, потсети на препораките од мониторингот на експертите на Европската унија за работата на Судскиот совет, каде има препорака министерот за правда и претседателот на Врховниот суд да не присуствуваат на седниците на Судскиот совет, туку да се обезбедат инструменти на координација за да се обезбеди комуникација и соработка.

Би можело да ве интересира

Нема да вршиме политички притисок, судиите да го испорачаат тоа за што се платени од граѓаните, вели Мицкоски

Судир на Антикорупциска и Судски совет за Академијата за судии и обвинители

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО

Членовите на Судскиот совет се против реформите затоа што удобно седат во фотелји, земаат плата и имаат само два проценти доверба вели премиерот

Катерина Ѓуровски

Подготвен сум да разговарам за предлогот за распуштање на Судскиот совет и на Советот за јавни обвинители, вели Мицкоски

Дамева: Не треба да има колективна, туку индивидуална одговорност