Рама: Не е фер што ЕУ преговара за членство на Црна Гора и на Србија, но не и со Албанија

Од:

Премиерот на Албанија Еди Рама ја критикуваше денеска Европската унија бидејќи визната либерализација за Приштина ја условува со демаркација на границата со Црна Гора, а истовремено преговара со Србија.

Тој смета дека не е фер што ЕУ преговара за присоединување на Црна Гора и Србија, но не и со Албанија.

Во интервју за виенски Стандард тој вели: – Претците на младите Косовари…сега имаат своја држава, но се затечени во лебдечка состојба. Тие се единствено население во Европа кое не може да излезе од својата држава и тоа поради некои глупости. На нив им се поставени услови за добивање безвизен режим. ЕУ наведува – мора најпрво да имате договор за демаркација со Црна Гора и истовремено преговара со Србија, држава која не ги ни признала Косово, а камоли границите на Косово, нагласува Рама.

Премиерот на Албанија вели дека без оглед на тоа кој што кажува, секогаш ќе се грижи за Албанците кои живеат во други држави бидејќи тоа е согласно албанскиот Устав. Рама кој се залага за „унија со Косово“ ако нема прием на држави од Запден Балкан во ЕУ, тврди дека не растат стравовите од „спојување на Албанија и Косово“.

Во врска со Албанците во Македонија, Рама смета дека е природно што тамошните претставници на албанските политички партии по изборите, од Тирана барале мислење како да постапат кога станува збор за формирање влада.

Не верува, како што вели дека би било скандал ако Австрија се залага за Австријанци вон државата.

– Албанците во Македонија не се малцинство туку конститутивен народ и ако на нив им се помага, тоа значи дека и се помага и на Македонија во зацврстувањето, нагласува Рама.

Тој тврди дека т.н. тиранска платформа не е причина што поранешниот премиер Никола Груевски веќе не е на власт.

– Тоа што Албанија им помогнала на Албанците во Македонија не значи и мешање во внатрешните работи на друга држава, вели тој.

– За нас Македонија е централна и секаква закана за интегритетот за таа држава би била опасна за целиот регион, вели Рама.

Во врска со договорот со косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека треба да се олесни граничната контрола тој вели дека Албанија сака границите со Косово да бидат по модел на оние меѓу Австрија и Швајцарија.

Рама додава дека се залага за Европа со различни брзини, и смета дека со ЕУ никогаш не се знае бидејќи стално ги менуваат ставовите и условите.

– Процесот на проширување е се повеќе нефер и за државите станува се помалку предвидлив. Тука не се работи само за Албанија туку тоа има врска со Европа, нагласува тој.

Рама вели дека изјавата на Јункер за перспектива за прием во членство на држави од Балканот до 2025 година ја толкува дека тој никого не исклучил од тој процес туку само посебно ги истакнал Србија и Црна Гора кои веќе преговараат за членство.

– Во случајот со Албанија тоа е целосно нефер. Албанија многу пред Црна Гора стана членка на НАТО. Веќе сме и подлабоко во одлучувачките судски поглавја од Подгорица. И Србија мора да ги спроведе тие рефроми. Ние тоа веќе го направивме. Добро е што тие држави преговараат, но е нефер што ние тоа не го правиме, заклучува Рама. Тој смета дека ЕУ мора да се реформира.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово