Рама најавува нова мерка, на пензионерите ќе им забрани да излегуваат од дома

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама, откако од вечерва по 18 часот забрани движење на граѓаните пеш по улици, седење по паркови и на други јавни површини, најави дополнителни засилени мерки.

„Се подготвуваме да донесеме одлука за целосна забрана пензионерите да излегуваат од дома, се додека оваа војна не заврши! Не можеме да чекаме на совеста на ова малцинство кое продолжува да ги предизвикува правилата, додедувајќи ги во многу голема опасност и себе си и другите,напиша на социјалните мрежи Рама, кој како што наведува, и самиот е во самоизолација.

Тој посочува дека пензионерите со храна и лекови треба да ги снабдуваат нивните деца, додека оние чии деца не живеат во истиот град,ќе бидат опслужени од државата преку заедничките екипи на општините и владата.

-Ги замолувам сите синови и ќерки на постари родители, направете го невозможното и задржете ги вашите вашите мајки и татковци, вашите баби и дедовци! Да ги оставите да излезат од дома е еднакво како да им ја отвораш вратата да учествуваат на некое бомбардирање, порача Рама.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето