Рама: Албанци не се поврзани со мафијата од Калабрија, тоа е чиста дезинформација

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама денеска првпат јавно реагираше по објавувањето на прислушувани разговори, во кои, како што се наведува, се вклучени претприемачи, европратеници, но и албански политичари кои имаат врски со италијанската мафија Ндрангета, со седиште во регионот Калабрија.

Во прислушуваните разговори, како што пренесуваат албанските медиуми, членови на Ндрагета се обидуваат да најдат врски во Албанија, давале високи проценти поткуп од добиени тендери и переле пари.

Според Рама, италијанската правда веќе ја донела својата одлука и оти да „беше нешто реално во овие прислушувања, немаше да се донесе без да се разбере“.

Рама понатаму изнесе обвинувања велејќи дека прислушуваните разговори се користат на срамен начин и се фрла кал врз албанската Влада.

– Нема да кажам дека правдата треба да зборува, бидејќи во овој случај јасно проговори италијанската истражна група и донесе заклучок. Ова што се прави овде е невиден срам, со неосновани обвинувања и идиотизам. Според италијанското обвинителство, како заклучок, во пракса, го цитирам обвинителството: По повеќе од една година патувања и разговори за инвестиции во Албанија, тие тотално не успеаја. Единствената инвестиција е мала продавница која имаше конфликти меѓу партнерите во 2018 година. Инвеститорот во Албанија, според истрагата продал стока вредна пет милиони леки и прокнижил загуба од 400.000 леки. Во 2019 година, 1,8 милиони загуба. Ова е цитат од заклучокот на истрагата, изјави Рама.

Тој ги обвини и медиумите дека „овој срам им послужил како храна“ а е пласиран од опозицијата.

– Нема факти и докази. Тука се крева чад, кој е одвратен. Немам што да кажам за тоа. Ова за мене е спектакуларен доказ за пропаднатата опозиција. Не можам да го замислам како нормално нешто. Будалаштина и подлост. Уште еднаш велам тоа е срам, но нека го носат тие што го измислија, со надеж дека ќе добијат политички поени. Срамно, рече Рама.

Тој додаде дека прислушуваниот европратеник е пријател на лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, но според него, никогаш „не може да се каже дека Баша им помагал на мафијашите“.

Рама се осврна и на спомнувањето на претседателот Илир Мета во овие прислушувани разговори, додавајќи дека истиот став го има и за него. Рама понатаму наведе дека ова е „одвратно“, откако италијанското обвинителство ја затворило истрагата.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето