Рама: Чекаме пред врата со години, повеќе ништо не ме изненадува од Брисел

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама за француската телевизија Франс 24 изјави дека повеќе ништо не може да го изненади од Брисел.

– Мора да се каже дека пред пандемијата беше одлучено да се отворат преговорите. Потоа беше донесена одлука за одложување на конференцијата. Чекаме пред вратата на ЕУ со години и веќе ништо не ме изненадува од Брисел, бидејќи секој ден има внатрешна динамика и секој ден по некоја тешка историја, рекол тој.

Рама ја поздрави „одлуката на ЕУ да ги отвори вратите за Албанците“, истовремено велејќи дека „направивме сериозна работа и со резултати кои беа ценети од целиот свет“.

– Албанија е на врвот на европската листа за масовно вакцинирање и со оптимални бројки за инфекции и смртни случаи. Јас лично се вакцинирав со Фајзер, но во земјата ги имаме сите четири вакцини, значи и Астра Зенека, Синовак и Спутник В. Имаме успех, според статистичките податоци сме со ниво на ризик 1. Во Албанија можете да влезете или да заминете без тест, без ништо. Заштитните маски од минатата недела не се задолжителни на отворен но се задолжителни се уште во затворен простор, оценува Рама.

Шефот на албанската Влада се осврна на борбата против корупцијата, а ја коментирал и пресудата на пораншниот главен државен обвиинител Адриатик Лала, која ја смета „добар сигнал за владеењето на правото“.

– Доколку Албанија немаше проблеми, денес ќе бевме во ЕУ. Затоа влеговме во оваа битка за реформа во правосудството. Ако поранешниот главен обвинител и поранешните личности од судството и политиката се осудени, тоа е добар сигнал за владеењето на правната држава, затоа ние продолжуваме со овој процес на преговори, за да изградиме правна држава, една функционална демократија, истакна Рама.

Во однос на парламентарните избори кои се одржаа на 25 април, а опозицијата обвинува за изборен масакр, тој вели дека „тие се признати од ОБСЕ/ОДИХР“.

– Имаме извештај од ОБСЕ/ОДИХР кој е многу јасен за интегритетот на кампањата и изборите. Не постојат индивидуални лични податоци за кои се зборува дека се злоупотребени, туку се податоци на партските организации а кои не се поврзани со лични податоци. Прво, податоците за граѓанскиот статус и регистрите во Албанија беа јавни преку интернет со години. Второ, бројот на личната карта не е заштитен личен податок. Тоа е бројка која покажува дека ова лице ја има оваа картичка во државната служба, но не е сензитивен податок, нагласува Рама.

Тој посебно и се заблагодарил на новинарката Каролајн де Камарет која му го проставила прашањето за изборите бидејќи „прочитал невистинити написи и во Франција“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димни бомби и пожар во албанскиот парламент

А1он

Големи пожари избувнаа во Албанија, четири лица уапсени

Албанскиот премиер Рама го откажа патувањето за Њујорк, вечерва се враќа од Франкфурт

Ана Ололовска

Меркел и порача на Тирана: Исполнете ги предвидените реформи

Емир Латифовиќ

Рама: Не сум се заканил со вето за приемот на Македонија во НАТО

Емир Латифовиќ

Светска банка и додели на Албанија 1,2 милијарди долари за следните пет години

Емир Латифовиќ