Рама: Не сум се заканил со вето за приемот на Македонија во НАТО

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама денеска негира дека се заканил со вето за приемот на Македонија во НАТО. На заедничката прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ во Тирана, Рама рече дека побарал само целосно почитување на Рамковниот договор.

– Нити сум се заканил, ниту сум прогласил став за вето, зборот вето вие сте го ставиле (новинарите) со помош на извесни политичари во Тирана. Ние сме членка на НАТО и зборуваме во име на НАТО, кога се зборува за тоа. Не е ниту закана ниту блокада, туку само став, изјави Рама.

За настаните во Куманово, албанскиот премиер оцени дека покажале колку е кревок мирот на Балканот.

– Неспорен интерес на Албанија и на Албанците во Македонија е територијалниот интегритет и функционирањето на Македонија, рече Рама.

За Албанија, според него, е неприфатливо загрозувањето на територијалниот интегритет на која било држава и смета дека тоа е неприфатливо за одржување на демократијата, стабилноста и мирот во регионот.

– Повреда на интегритетот и нефункционирањето на Македонија е неприфатливо за нас. Ние сакаме да се имплементира Охридскиот договор. Албанците и Македонците се конститутивни фактори, рече Рама.

Би можело да ве интересира

Албанскиот премиер Рама го откажа патувањето за Њујорк, вечерва се враќа од Франкфурт

Ана Ололовска

Меркел и порача на Тирана: Исполнете ги предвидените реформи

Емир Латифовиќ

Светска банка и додели на Албанија 1,2 милијарди долари за следните пет години

Емир Латифовиќ

Со 50 милиони долари Албанија годинава ќе го подобрува системот за електро дистрибуција

Емир Латифовиќ

За Уставниот суд на Албанија неспорен законот за територијална поделба

Емир Латифовиќ

Студот ја зема првата жртва во Албанија

Емир Латифовиќ

Leave a Comment

20 − twenty =