Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ преку писмо му се обрати на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, во кое го предупредил на алармантно високиот број малигни заболувања меѓу обвинетите во Хашкиот трибунал, повикувајќи го да побара истрага.
Караџиќ нагласи дека имало два случаја на ненадејна смрт, две самоубиства и 11 заболени лица од рак или леукемија, истакнувајќи дека нему му било оперирано жолчното ќесе и дека ненадејно му се зголемило нивото на шеќерот во крвта, иако пред пристигнувањето во Хаг бил здрав.
Тој побарал од Бан да започне истрага ОН, заедно со Црвениот крст и Светската здравствена организација, бидејќи надлежните во Хаг го одбиле преглогот за почнување истрага околу зачестените тешки заболувања во затворот.