Радев: За Бугарија, НАТО останува исклучително важна организација

Од:

За Бугарија НАТО останува исклучително важна организација за заштита на безбедноста на државите членки и гаранција за стабилност надвор од границите на Алијансата, изјави бугарскиот претседател Румен Радев на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, откако двајцата разговаа во седиштето на Алијансата во Брисел.

– Самиот факт што јас во улога на бугарски претседател во својата прва посета во странство го посетувам седиштето на НАТО, го покажува значењето на НАТО за Бугарија како организација на заеднички вредноси и заеднички одговорности за колективна безбедност и одбрана, посочи Радев, јави БТА.

– Ги поддржуваме напорите на НАТО за одбрана и сметаме дека Бугарија е дел од од тие напори, изјави бугарскиот претседател.

– Понатаму ќе правиме се што е потребно за да го гарантираме вкупниот придонес за колективната одбрана и безбедност. Во последните три години НАТО претрпе сериозна адаптација, Бугарија е дел од неа и тој процес ќе продолжи, бидејќи така налага меѓународната ситуација во моментов, истакна Радев.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16