Радев: Институциите да не прават паника за коронавирусот

Од:

„Во Бугарија се води операција за ограничување на ширењето на коронавирусот. Владата раководи со операцијата со специјалните структури. Никогаш пред ова не сме виделе ваква масовна операција и затоа треба да се однесуваме со разбирање кон напорите што се вложуваат“. Со овие зборови денеска бугарскиот претседател Румен Радев ја отвори средбата на која се разгледува реализирањето на мерките за ограничување на ширењето на Ковид -19 во земјата.

На средбата учествуваат премиерот Бојко Борисов, министерот за здравство Кирил Ананиев, министерот за внатрешни работи Младен Маринов, главниот секретар на МВР Ивајло Иванов, началникот на Националниот оперативен штаб генерал-мајор Венцислав Мутафчиски, директорот на Главната дирекција „Пожарна и природни несреќи и заштита на населението“ Николај Николов.

-Видливо е дека во Бугарија овие напори дадоа ефект, земјата на доста ниско ниво ја задржа варијабилата на ширење на вирусот, рече Радев.

Важен за мене не е терминот „вонредна состојба“, важни се мерките кои треба да се пропорционални со заканата. Треба да се ефикасни и добро осигурани, соопшти бугарскиот претседател.

-Им благодарам на сите граѓани кои ги послушаа мерките, ги почитуваат и се во социјална изолација и на дистанца. Сознанието за ситуацијата се гледа кај сите луѓе, рече тој.

Во однос на обезбедувањето, дополни тој, државата не била подготвени за криза од ваква големина, како и многу други земји. Речиси насекаде е така, рече Радев.

Бугарија во моментов се соочува со други проблеми- во Софија, на пример, лекарите немаат маски, немаат средства за дезинфенкција, а слична е ситуацијата и во другите градови.

Затоа, се прашува претседателот, можеме ли да им кажеме на Бугарите во првата борбена линија со коронавирусот кога да ги очекуваме таквите маски? Зборувам за лекарите, продавачите, транспортните работници, органите на редот, и луѓето во компаниите каде не може и не треба да запира производниот процес. А и секој граѓанин треба да може да отиде во аптека и да си купи таква маска. Затоа сакам да замолам на луѓето да им дадеме информација кога сето тоа ќе се случи, објасни бугарскиот претседател.

-Разговарам со другите претседатели на држави и заедно бараме медицинска заштитна облека, но таму барањето е големо, дополни Радев.

Лекарите, според него, не треба да бидат поколебани да работат, но доколку одбијат да лекуваат треба да бидат казнети.

-Сакам да ги повикам сите одговорни институции да не се всадува страв и паника меѓу луѓето, треба да покажеме дека институциите се дисциплинирани, ги премеруваат своите соопштенија и изјави, не го заобиколуваат законот и го исполнуваат сето тоа што доаѓа од Оперативниот штаб и Владата. Не е тајна дека во земјата се шират шпекулации за најнеопходните работи – средствата за лична хигиена и дезинфекциска заштита. И ако институциите не гледаат сакам да ги повикам граѓаните да поднесуваат пријави кога ќе видат шпекулација. Грозно е да се шпекулира со здравјето на другите луѓе, рече бугарскиот претседател Риумен Радев на средбата со Владата и Оперативниот штаб за борба со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори