Прв случај на лице излечено од Ковид-19 во Косово, вкупно 79 заразени

Од:

Во лабораторијата за молекуларна микробиологија на Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) денеска се тестирани 89 лица, од кои кај осуммина е откриено присуство на вирусот Ковид-19, така што официјалната бројка на носители на новиот коронавирус сега изнесува 79, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во исто време, како што објави косовскиот министер за здравство Арбен Витиа, еден од пациентите кои претходно бил дијагностификуван со коронавирус, по соодветните испитувања резултира излечен од заразната болест.

– Конечно имаме една добра вест. Еден од пациентите и по второто тестирање резултира негативен. Според препораките на СЗО (Светската здравствена организација), кога имаме два негативни примероци на едно лице со еднодневна временска дистанца, тоа покажува излеченост од Ковид-19. Официјално го имаме првото лице кое е излечено од Ковид-19 во Република Косово, објави Витиа преку негова страница на Фејсбук.

Според соопштението на ИШПК, четворица од лицата кај кои денеска е потврдено присуството на Ковид-19 се од село во општина Вучитрн, тројца се жители на Приштина и едно лице од село во општина Пеќ.

Од 8 февруари, заклучно со денешнниот ден, тестирани се вкупно 855 примероци на лица за кои постоело сомневање дека се заразени од коронавирусот. Од нив, 79 случаи резултираа со позитивен наод, додека едно лице, возрасен маж на 82-годишна возраст, почина, се вели во соопштението на ИШКП.

Би можело да ве интересира

Принцот Вилијам и принцезата Кејт волонтираат во тим за психолошка помош во време на пандемија

А1он

Косовската влада го укина реципроцитетот кон Србија

А1он

Бегалскиот камп во Грција ставен во карантин

А1он

Индија ја престигна Италија по бројот на заразени од Ковид-19

А1он

Влада: 30 милиони денари наменети за здруженија и фондации за справување со корона кризата

А1он

Косовскиот претседател Тачи во посета на Тирана

А1он