Пронајдени 143 бегалци и мигранти во нова акција на грчката полиција во објект под опсада во Атина

Од:

Бегалци и мигранти од Египет, Авганистан, Еритреја, Ирак, Мали, Пакистан, Палестина, Судан, Иран и Мароко, вкупно 143 на број, од кои 56 деца беа пронајдени во објект под опсада во центрот на Атина, во новата акција на грчката полиција.

Како што соопштуваат од полицијата, 133 од пронајдените лица ќе бидат пренесени во прифатниот центар во Коринт на Пелопонез, а 10 ќе бидат протерани од земјата поради тоа што не поседувале документи за престој во Грција.

Објектот во кој беа пронајдени бегалците и мигрантите бил под опсада од 2014 година, а станува збор за зграда со карактеристична неокласична архитектура, чија изградба започнала во 1897 година, а свечено отворена една година подоцна.

Во објектот, во минатото било сместено германско училиште, Институт за истражување, а до 2013 функционирало средно училиште.

Ова е седма акција на грчката полиција за празнење на објекти што се наоѓаат под опсада во центарот на Атина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов