Приврзаници на Харадинај пред амбасадата на Словенија во Приштина

Од:

Пред амбасадата на Словенија во Приштина, откако е објавена веста дека лидерот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај денеска попладне е уапсен во Љубљана, се собраа повеќе приврзаници на политичката партија, јави Танјуг.

Тие чекале крај на разговорот на високи функционери на Алијансата со слоенечкиот амбасадор, а Ахмет Исуфи за Коха.нет рече дека од словенечкиот дипломат барале објаснување за апсењето на нивниот лидер.

Во меѓувреме, пред амбасадата на Словенија во Приштина воочливо е зголемен бројот на припадници на полицијата, бидејќи на функционерите и приврзаниците на АБК им се приклучиле повеќе десетици граѓани.

Косовскиот аналитичар Најим Мајоку за порталот „Телеграфи“ рече дека судбината на Харадинај можат да ја доживеат околу 300 косовски државјани по кои Србија распишала меѓународна потерница по последната војна.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница