Приведени четири лица кои тргнале на протест во Цетиње, во возилото пронајдено оружје

Од:

Полицијата во Никшиќ денеска приведе четири лица, во чие возило е пронајдено оружје, дрога, палка, метален бокс, железни кугли, рачни спрејови и заштитни маски, соопшти Управата на полицијата.

Со соопштението се наведува дека приведените лица изјавиле дека тргнале кон Цетиње за да присуствуваат на протестот поради најавеното устоличување на митрополитот црногорско-приморски Јоаникије в недела на 5 септември.

За настанот е известен државниот обвинител, кој наложил едно од лицата да биде уапсено поради сомнеж дека извршило кривично дело недозволено поседување оружје и експлозивни материјали, а против друго лице да се поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Тензиите дрстично се зголемија во Црна Гора поради најавеното устоличување, на кое остро се противат црногорските национални организации, здруженија и речиси сите опозициски парламентарни партии, кои најавуваат граѓански протести. Присуство на протестите поради устоличувањето на митрополитот Јоаникије најави и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, а се очекува голем број граѓани да се соберат во Цетиње.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора