Приштина: Усвоена е резолуцијата за заштита на вредностите на борбата на ОВК

Од:

Косовското Собрание денеска со 61 глас „за“, 11 воздржани и ниту еден „против“, ја усвои резолуцијата за „заштита на вредностите на борбата на Ослободителната војска на Косово (ОВК)“.

Во резолуцијата се наведува дека Собранието се обврзува во период од шест месеци да го усвои „законот за заштита на вредностите на ОВК и нејзината ослободителна борба“.

Предлог резолуција имеше и движењето Самоопределување, но за тоа не се гласаше, бидејќи, како што образложи претседателот на Собранието, Кадри Весељи, таа предвидува промена на Уставот. Самоопределување исто така даде предлог ОВК да се внесе во преамбулата на Уставот.

Резолуцијата е усвоена по дводневната дебата на вонредната седница на Собранието, свикана по потврдената пресуда во случајот „Дреница 2“, во кој поранешните членови на ОВК се осудени на повеќегодишна затворска казна.

Барањето за одржувањето на оваа вонредна седница беше покренато од страна на Демократската партија на Косово (ДПК).

ДПК на Хашим Тачи, пред два дена во соопштение наведе дека и понатаму „верува во невиноста на војниците и во борбата на ОВК“ како и дека целиот процес за случајот „Дреница 2“ бил „обид за негирање на нашите возвишени вредности и казнување на високо рангирани личности“.

Организацијата „Демократија плус“, која ја надгледува работата на косовското Собрание, предупреди дека одлуката претставува директно мешање во правосудството.

Апелацискиот суд во Приштина во понеделникот ја потврди пресудата на обвинетите за воени злосторства во случајот „Дреница 2“, а единствено на Сулејман Селани му беше намалена казната.

Во обвинението во предметот „Дреница 2“ е наведено постоење на притворен центар на ОВК, во кој се злоставувани цивили во август и септември 1998 година.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски