Приштина го потпиша барањето за членство на Косово во ЕУ: „Ова е историски ден“

Од:

Во Приштина е потпишана апликација за членство на Косово во Европската унија, пренесува приштинскиот медиум Коха диторе.

Според претходните најави во медиумите, церемонијата на потпишување на документите започна во 11 часот, а документот го потпишаа претседателката на Косово Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и претседателот на косовскиот парламент Гљаук Коњуфца.

Како што јави Б92, Османи посочила дека барањето за членство во ЕУ е „историски ден“.

Таа во својот говор по церемонијата на потпишување рече и дека Косово како земја на мирот и почитувањето на човековите права заслужува да биде дел од ЕУ.

„Денес е историски ден. Тоа е историски момент. 14 декември има двојно значење во современата историја на Косово. Покрај барањето за членство, денеска се одбележува и годишнината од основањето на армијата. Овие два чина одат во насока на нашата евроатлантска визија. Во име на Косово, правиме одлучувачки чекор кон остварување на сонот. Да ја приближиме нашата земја чекор поблиску до ЕУ. Нема друга алтернатива за Косово. Во пресрет на 15-годишнината од независноста, овој чин е посветен на сите граѓани, оние кои се изборија за слобода. Косово дише европски. Најмладата земја во Европа, земја на политички плурализам, верски права, придонесувач за мирот и безбедноста заслужува да биде дел од ЕУ. Нашиот пат напред е јасен. Решени сме да успееме. Правиме историски чекор ЕУ што поскоро да тргне кон историска одлука“, рече Османи.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Пукотница во Приштина: Убиен е маж, жена е тешко ранета

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне