Природниот гас во Бугарија во април поскапува за 25 отсто

Од:

Природниот гас во Бугарија за април поскапува за повеќе од 25 отсто, одлучи Комисијата за регулирање на вода и електрична енергија.

Главната причина е зголемувањето на цените за испорака на меѓународните пазари, пренесе БНТ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, поради новото поскапување на гасот, во мај поскапуваат и парното и топлата вода.

Од 1 април падна мораториумот на цената на струјата, водата и парното. Според државната комисија, најавеното поскапување е за половина помало од првично објавеното од Булгаргаз 58 проценти. Причината за промената е остриот скок на меѓународните пазари.

Поскапувањето на природниот гас во Бугарија се очекува да влијае на цените на парното и струјата. Додека за струјата промената се очекува во јули, за греење најверојатно ќе се случи во мај.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада