Претставник од Белата куќа: Има веродостојни извештаи за мешање на Русија во Црна Гора

Од:

Постојат веродостојни извештаи дека Русија се обидела да се вмеша во минатогодишните избори во Црна Гора, изјави анонимен висок претставник од Белата куќа.

– Многу сме загрижени поради мешањето на Русија во изборите во Црна Гора во октомври минатата година, истакна американскиот висок претставник.

Неговата изјава е дадена во момент кога претседателот на САД, Доналд Трамп се подготвува за состанок со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој нагласи дека членството на Црна Гора во Алијансата ќе ја зголеми стабилноста и безбедноста на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски