Премиерот на Бугарија побара од руската амбасада да не се меша во внатрешната политика на земјата

Од:

Бугарскиот премиер Кирил Петков остварил разговор со амбасадорката на Русија во Софија Елеонора Митрофанова, соопшти прес-центарот на бугарската влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков ја повикал руската амбасадорка во Бугарија да се придржува до општоприфатените норми за дипломатска комуникација и побарал таа да се однесува со должна почит и да не користи навредливи квалификации кон бугарските институции. Амбасадорката Митрофанова му се извинила на бугарскиот премиер.

На средбата со Митрофанова, Кирил Петков ја изрази и својата огорченост што во официјалната честитка до Бугарија на 3 март, руската амбасада во Софија ја спореди војната во Украина со ослободувањето на Бугарија во 1877-1878 година. Петков ја истакнал бугарската благодарност до рускиот народ за Ослободувањето, но дека не може да се потцени со споредби со денешната братоубиствена војна во Украина. Бугарскиот премиер инсистираше Амбасадата на Руската Федерација во Софија да не се меша во внатрешната политика на Бугарија, во согласност со меѓународните документи.

Тој ја поздрави намерата на руската амбасадорка отсега да биде конструктивена. Бугарскиот премиер повика на прекин на војната и враќање на дијалогот.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Излета автомобил со Кирил Петков, еден загинат

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски