Преговорите за изборни реформи во БиХ завршија без договор

Од:

Претставниците на хрватските и бошњачките партии од БиХ денеска во Неум ги завршија, но без конечен договор, тридневните разговори со посредство на меѓународни претставници, чија цел беше да се договорат измени на изборниот закон, но „ги приближија позициите“, изјавија преговарачите на ЕУ и САД.

По завршување на преговорите, пред медиумите се обратија претставниците на ЕУ и САД, Анџелина Ајхорст и Метју Палмер, кои посочија дека е постигнат одреден напредок и дека разговорите продолжуваат.

– Постигнат е напредок. Тоа е ветувачко и што е најважно, разговорите продолжуваат. Има малку време да се реши проблемот, но се надевам дека ќе се постигне договор, истакна директорката за Западен Балкан при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) Анџелина Ајхорст.

Таа нагласи дека примарна цел била да се овозможи подобро разбирање на барањата во спроведувањето на пресудите на Сејдиќ-Финци и други за да се елиминира дискриминацијата, пред се во однос на Претседателството на БиХ и Домот на народите.

Ајхорст додаде дека разговарале за конкретни модели на избори за Претседателството на БиХ, но и за техничкиот аспект на изборите.

Специјалниот пратеник на САД за изборни реформи Метју Палмер изјави дека се разговарало за тешки и предизвикувачки прашања.

– Фактот што разговараа конструктивно и отворено покажува колку политичарите во БиХ се посветени на решавање на сериозни прашања. Не сме стигнале до крајот на овој процес. Прашањата што ги решававме нема да исчезнат од сцената, рече Палмер.

Тој наведе и дека е неопходно имплементирање на пресудата во случајот Сејдиќ-Финци и другите предмети.

– Потребно е да се најде соодветен изборен модел кој ќе им овозможи на Хрватите да имаат иста застапеност во институциите, рече Палмер.

Преговорите меѓу партиите од Федерацијата БиХ, со посредство на меѓународни претставници, за измени на изборното законодавство започнаа во четвртокот вечерта во Неум.

Во преговорите учествуваа претставници на партиите СДА, ХДЗ БиХ, СББ и Народ и правда.

Претставниците на СДП БиХ, Наша партија и ДФ ја отфрлија поканата за средба во Неум, условувајќи го продолжувањето на преговорите за изборните реформи со деблокирање на работата на институциите на БиХ од страна на претставниците на РС.

Најспорни прашања во преговорите се изборот на членови на Претседателството на БиХ и изборот во домовите на народите, за што позициите на хрватските и бошњачките партии со години се спротивставени.

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна

Апсења за тероризам во Сараево

Ужас во Босна: 14-годишник заклал шест кучиња

ВИДЕО: Син на пратеник уапсен за убиството на полициски инспектор во БиХ

Катерина Ѓуровски