Познат криминалец убиен во Призрен откако пукал врз полицијата

Од:

Косовската полиција вечерва соопшти дека во Призрен е убиен баран криминалец кој пукал врз полицајци, а тие го застрелале во самоодбрана.

Според соопштението, припадниците на полицијата, вршејќи редовни работни задачи во градот, налетале на осомничениот Бесник Шаља, познат под прекарот „Ќори“, за кого била распишана потерница поради обид за убиство.

Во моментот кога ја забележал полициската патрола, осомничениот почнал да пука од пиштол кон полицајците, кои во самоодбрана биле приморани да одговорат со огнено оружје, се наведува во соопштението на косовската полиција.

Ранетиот осомничен добил лекарска помош и бил пренесен во болница, но лекарите не можеле да го спасат, додаваат од Министерството за внатрешни работи во Приштина.

На местото на настанот пронајдено е оружјето од кое тој пукал врз полицајците, како и две рачни бомби.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски