Познат албански хирург ја загуби битката со Ковид-19

Од:

Еден од најпознатите албански хирурзи претпладнево ја загуби битката со Ковид-19. Станува збор за Агрон Мензелџиу вработен во универзитетската болница „Шефќет Ндроќи“, каде и бил хоспитализиран по добиениот позитивен резултат од направениот тест.

-Не напушти колегата Агрон Мензелџиу, неуморен доктор кој помагаше секому, а ете ние не можевме да му помогнеме. Прости ни и почивај во мир голем човеку кој секогаш се бореше за животот на луѓето, напиша меѓу другото неговиот колега Петрит Варгу.

Од 30 јуни кога битката со опасниот вирус ја загуби Арјан Пуши, познат хематолог, професор на Медицинскиот факултет во Тирана, што беше и прва жртва меѓу белите мантили, Мензелџиу е седми лекар кој умира како последица од Ковид-19.

Како последица од опасниот вирус деновиве починала и медицинска сестра. Сите се заразиле од контакт со пациенти.

Во Албанија и понатаму не се смирува епидемиолошката состојба со Ковид-19. Според последните објавени податоци на Министерството за здравство и социјална заштита вчера регистрирани се нови 164 случаи, од направените 872 теста, што е околу 19 отсто од тестираните. Во двете ковид болници и понатаму бројот на хоспитализирани е висок, или 188 пациенти.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија