Повеќето српски граѓани аплицирале за руската вакцина Спутник V

Од:

Меѓу граѓаните на Србија кои доброволно се пријавија за вакцината против Ковид-19, повеќето ја избраа руската вакцина Спутник V, објави „Блиц“.

Изворот на „Блиц“ вели дека, кога станува збор за одлуката на граѓаните на Србија за вакцини, разликата помеѓу руската вакцина и онаа на Фајзер не е многу голема.

– Ситуацијата е приближно избалансирана, еднаква, Спутник V е само малку повеќе баран – вели соговорникот на српски „Блиц“.

Секој во Србија што е заинтересиран да се вакцинира против вирусот може да се пријави преку порталот е-управа. И сето тоа на само неколку чекори, односно неколку кликнувања или телефонски.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија