Поради сомнеж за бомба затворен граничниот премин „Обрежје“

Од:

Веќе неколку часа поради сомнителен пакет е затворен меѓународниот граничен премин „Обрежје“ на хрватско-словенечката граница. Според првичните информации се работи за откриен пакет, што откако бил прегледан на скенер, полицијата се посомневала дека е бомба, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Лицето кое сакало да го пренесе пакетот веднаш е приведено, а на граничниот премин се повикани специјализирани екипи од словенечкото Министерство за внатрешни работи да го прегледаат пакетот и да утврдат за што точно се работи.

Според локалните медиуми во овие моменти граничниот премин е затворен во двата правци.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик