Поради силен ветер затворени сите пристаништа во Констанца

Од:

Сите морски и речни пристаништа во романскиот округ Констанца се затворени поради силниот ветер, а брод со 500 патници е пренасочен кон бугарското пристаниште Несебар.

Романските власти соопштија дека пристаништата се затворени откако ветрот на брегот достигнал брзина од 60 до 70 километри на час, а на отворено море повеќе од 80 километри на час.

Бродот „Силвер спирит“, кој плови под бахамско знаме, од Одеса требало да се укотви во Констанца, но е пренасочен кон Несебар, откако капетанот оценил дека тоа би било опасно за патниците и екипажот.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија