Поради дефект на авионот, Николиќ принудно се врати во Белград

Од:

Авионот со кој претседателот на Србија Томислав Николиќ утрово полета за Ватикан, принудно се врати на белградскиот аеродром поради дефект на едниот мотор.

Посетата на Ватикан е откажана, се додека не се утврди термин за нова посета, изјави за Танјуг советничката на претседателот Станислава Пак.

Дефектот се случи на моторот на српскиот владин Фалкон.

Ова е последен во низата инциденти со ова владино летало.

Поради различни дефекти на авионот „Фалкон“ кој е произведен во 1981 година, како и другиот владин авион „Лир Џет“ произведен 1991 година, српските функционери во повеќе наврати имаа проблеми.

Поради дефект на Фалконот во декември 2012 година тогашниот премиер Ивица Дачиќ на време не полета од аеродромот „Никола Тесла“ за Кипар.

Дефектот беше утврден дури откако премиерот и делегацијата влегоа во авионот, па се чекаше набавка на нов дел, соопштија тогаш надлежните служби.

Проблеми со владиниот Фалкон беа забележани и на 19 ноември во Обединетите Арапски Емирати, а првиот потпретседател на Владата Александар Вучиќ во земјата се врати со авионот на шеикот Мухамед Бин Заед ал Нахијан. Авионот се расипал по доаѓањето во ОАЕ, и тогаш стануваше проблем со електрониката на леталото.

Со истиот авион пет месеци претходно имаше проблеми и тогашниот премиер Мирко Цветковиќ, кој поради дефект на леталото не замина во Брисел на состанок на министрите за економија и финансии на ЕУ.

Проблем на владиниот авион се случил и на 2 декември 2010 година кога Цветковиќ полета во официјална посета на Бугарија а веднаш се врати откако пилотото детектирал незоволиви потреси на леталото.

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ