Полицајката која се поврзува со убиецот од Градачац ќе биде суспендирана

Од:

Полицајката од Градачац Д.С., која е поврзана со тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ, утре ќе биде суспендиран, дознава Аваз.

Аваз пишува дека, врз основа на собраните докази, полициската управа на МУП на кантонот Тузла побарала таа да биде суспендирана, а одлуката ќе биде потпишана од комесарот Џевад Корман во утринските часови.

Полицајката за која се вели дека била во врска со Сулејмановиќ утрово се вратила во Градачац од Италија. Полицијата проверува дали на убиецот му открила каде се криела убиената.

Аваз пишува дека полицајката денеска земала боледување бидејќи не се чувствува добро.

Полицијата има докази (фотографии) дека Селимовиќ имала контакти со други лица осудени за кривични дела, не само со Сулејмановиќ. Таа објавувала фотографии со еден од нив на Инстаграм, пишува Аваз.

„Кантоналното обвинителство на кантонот Тузла, според информациите што ги добивам како бранител на Џенана Селимовиќ, води опсежна истрага во врска со наводите и медиумските извештаи дека мојата клиентка била во врска со убиецот и ја открила локацијата на убиенета Низама Хеќимовиќ.

Според досегашниот тек на истрагата, барем колку што знам, мојата клиентка ниту имала врска со убиецот, ниту ја открила локацијата на оштетената, ниту можела да ја знае оваа информација врз оснава на работата што ја извршува“, изјави претходно денеска нејзиниот адвокат Бакир Хеќимовиќ во интервју за Дневни аваз.

Хеќимовиќ изјави дека тренирала во салата каде работел Сулејмановиќ. “Немале никаква комуникација ниту врска. Нема сведоци кои тврдат дека била во врска со него. Покрај тоа, сопственикот на теретаната во која убиецот работел како фитнес тренер изјавил дека имале врска како сите други луѓе кои одат во теретана. Нема индиции дека имале некаква врска“, додаде Хеќимовиќ.

Тој рече дека Селимовиќ побарала заштита поради смртните закани што ги добивала последните денови.

„Таа побара заштита и утринава во нејзината станица од тие причини е префрлена во канцеларија заради нејзина безбедност. Секоја закана ја пријавила, па утрово веќе презеле чекори во ПУ Градачац во врска со тие закани“, додаде Хеќимовиќ за Аваз.

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна

Апсења за тероризам во Сараево

Ужас во Босна: 14-годишник заклал шест кучиња

ВИДЕО: Син на пратеник уапсен за убиството на полициски инспектор во БиХ

Катерина Ѓуровски