Почина композиторот Корнелие Ковач

Од:

Познатиот српски композитор и автор на бројни култни хитови, Корнелие Ковач, почина денеска на 81-годишна возраст.

Причината за смртта засега е непозната, а како што дознава Курир, композиторот бил позитивен на коронавирус.

Корнелие Ковач е роден во Ниш во 1942 година, а Ковач ја компонира својата прва композиција „Пусти тротоари“ веќе на четиринаесетгодишна возраст, во 1956 година.

Откако беше во многу босански оркестри, Ковач се приклучи на сараевскиот рок бенд Индекси во 1966 година и свиреше со нив на турнеја низ СССР веќе следната година.

Во септември 1968 година, Ковач се преселил во Белград, каде што ја основал групата Корни, која ја претставувала СФР Југославија на Изборот за песна на Евровизија во 1974 година.

Пишувал музика за театар, филмови, телевизија, како и за многу популарни изведувачи како Здравко Чолиќ, Бисера Валентиќ, Оливера Катарина, Лепа Брена.

Ковач е автор на бројни хитови по кои ќе го паметиме, а дел од нив се „Живееш во облаци“, „Април во Белград“, „Само остани далеку“, „Мило мое“ итн.

Би можело да ве интересира

Почина таткото на Тоше Проески

Орце Костов

Почина О. Џ. Симпсон

Горан Наумовски

Почина Слаѓана Милошевиќ

Катерина Ѓуровски

Почина Мирко Попов

Катерина Ѓуровски

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Почина креаторот на манга стрипот „Dragon Ball“