Почина хрватскиот истражувач и патеписец Жељко Малнар

Од:

Хрватскиот новинар, истражувач и патеписец Жељко Малнар, почина синоќа на загрепската Клиника за белодробни заболувања на 69-годишна возраст. Малнар е роден во 1944 година. Тој се занимаваше со истражувачка работа. По студиите во Индија, водеше експедиции по цела Азија, а за тоа време работеше како соработник на Радио-телевизија Загреб.

Автор е на над 70 документарни филмови и репортажи од Турција, Јордан, Ирак, Иран, Авганистан, Пакистан, Индија, Шри Ланка, Малдиви, Тајланд, Панама, Порторико, Еквадор, Самоа, јужен Пацифик, Соломонски острови…

Добитник е на многусветски признанија (филмски фестивал во Чикаго, филмски фестивал во Барселона…) Во 1986 година заедно со Борн Бебек ја објави книгата „Потрага по стаклениот град“, која имаше четири изданија.

Последните години од животот Малнар ги помина во Загреб. Работеше како колумнист на „Глобус“ и беше водител на емисијата „Ноќен кошмар“.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами