Почина генералот Јован Дивјак, Србинот што го бранеше Сараево од Србите

Од:

Генералот на војската на Босна и Херцеговина Јован Дивјак, кој беше единствен по својот избор како Србин да застане на страната на Бошњаците на почетокот на војната во 1992 година, починал денеска во Сараево на 84-годишна возраст, јавија медиумите.

Кога почнала војната, Дивјак, офицер на Југословенската народна армија (ЈНА) роден во Белград, бил на должност во Територијалната одбрана на Сараево. За разлика од многубројните офицери по националност Срби, кои во тоа време на жестоки национални и верски поделби очекувано се решиле на соработка со властите на тогаш формираната Република Српска, Дивјак го одлучил спротивното.

Откако видел како ЈНА ги вооружува српските паравоени формации и цивилите, тој решил да го подели оружјето од Територијалната одбрана на жителите-муслимани во Сараево, за што е осуден од страна на воен суд. По ова, тој ја напушта армијата на државата во распаѓање и се вклучува во одбраната на градот во војската на БиХ под команда на Алија Изетбеговиќ, станувајќи низ воените години херој на отпорот на локалното бошњачко население.

Дивјак во Сараево беше одликуван со францускиот орден „Легија на честа“, од страна на заменик-командантот на мировните сили на НАТО во БиХ, Роже Дибир.

Во Србија, Дивјак воглавно беше сметан за предавник, а против него уште во 90-те беа покренати тужби за воени злосторства. Тој во 2011 беше уапсен на аеродромот во Виена по потерница од Србија за наводно учество во нападот врз колона на ЈНА во 1992 година, но Австрија одлучи да не го испорача во родната земја и го ослободи.

Од друга страна, веста за неговата смрт предизвика многу изрази на тага и жалење во Босна и Херцеговина, каде Дивјак е сметан за херој. Тој национално се изјаснуваше како Босанец и по војната живееше во Сараево, каде водеше фондација за образование на децата кои ги загубија родителите во војната.

Би можело да ве интересира

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Во куќата на првиот човек на општина Стар Град во Сараево е фрлена бомба

(ВИДЕО) Драма во Сараево: Пукање среде град, рането девојка

Жена потпомогната од полицаец си го ограбила сопругот, му украле 40.000 евра

Горан Наумовски

Уапсен е осомничениот за убиство на тинејџер во Сараево

(ВИДЕО) Избувна пожар во сараевскиот пазар „Хеко“