Почина еден од пиротехничарите повредени во експлозијата во Книн

Од:

Од тешките повреди здобиени во експлозија на заостаната мина во поранешната касарна во селото Паѓене, крај Книн, попладнево во книнската болница почина еден од тројцата повредени воени пиротехничари.

Директорот на книнската Општа болница „Хрватска гордост“, Оливер Ојданиќ изјави дека пиротехничарот починал кусо по 15 часот. Во експлозијата на мина во поранешната касарна во Паѓене денеска околу 10:40 часот беа поврдени уште двајца пиротехничари, исто така припадници на Вооружените сили на Хрватска.

Еден од нив е задржан на лекување во книнската болница поради лесни повреди, додека на вротиот му е укажана помош и е пуштен на домашно лекување, рече Ојданиќ.

Експлозијата на мина во некогашниот воен магацин во комплексот во Паѓене се случи при деминирање на заостанатите минско експлозивни средства од некогашната касарна. Заостанатиот експлозив се наоѓал во висока трева во воено-магацискиот простор.

Во поранешната касарна избувна пожар на 13 септември 2011 година, кога со часови се слушаа детонации на заостаната муниција. Поради пожарот беа евакуирани околу 130 лица во круг од пет километри, а од местото на несреќата беа повлечени и припадниците на воената единица која ја обезбедувала касарната. Министерството тогаш потврди дека во складиштето се наоѓала т.н. неперспективна муниција, односно муниција што војската не ја користи.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами