„Побједа“: Германија мора да ја напуштат 2.400 државјани на Црна Гора

Од:

Според податоците на Сојузното биро за миграции и бегалци, во Германија се наоѓаат 22.868 црногорски државјани, од кои 2.400 мора да ја напуштат оваа држава, соопшти германската амбасада во Црна Гора, а пренесе подгоричкиот весник „Побједа“.

Според наводите од Амбасадата, од 2.400 црногорски државјани кои мора да ја напуштат Германија, 420 немаат патни исправи.

– Во Амбасадата не располагаат со податок колку наши државјани, на кои им е одбиено барањето за азил, чекаат на депортација. Но, во принцип, сите 2.400 наведени мора да ја напуштат Германија. Некои веќе заминаа доброволно, изјавуваат од дипломатското претставништво на Германија и појаснуваат дека сојузните покраини се надлежни за враќање на одбиените азиланти.

Од Амбасдата додаваат дека годинава веројатно ќе биде намален бројот на црногорски подносители на барањето за азил, бидејќи Црна Гора е прогласена за сигурна земја на потекло.
Генералната секретарка на Сојузот на црногорски асоцијации во Германија, Емира М. Личина, за весникот „Побједа“ вели дека „енормниот број бегалци“, кои во 2015 година пристигнаа во Германија, ги присили властите во оваа европска држава на донесување различни мерки за да се намали бројот на баратели на азил.

-Последица на тоа е опаѓањето на вкупниот број и процентуалниот удел на аспиранти од балканските земји. Сега бегалците од Сирија сочинуваат повеќе од половина од вкупниот број на баратели на азил, рече таа.

Според неа, „прогласувањето на Црна Гора, Албанија и Косово за земји со сигурно потекло веројатно е најважната правна иновација во 2015 година која се однесува на граѓаните од овие земји, бидејќи на германските власти им овозможува брза депортација на барателите на азил од овие држави“.
Тоа значи дека на лицата од овие држави, од правен аспект, им е ограничено правото на азил во Германија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски