По првпат во Албанија трицифрена бројка новозаразени со Ковид-19

Од:

Во Албанија во последното деноноќие регистрирани се 117 новозаразени со Ковид-19, што е прва трицифрена бројка од појавата на пандемијата.

Но, паѓа во очи и зголеменот бројот тестови направени во едно деноноќие. За разлика од досега кога максимум се правеа до 420 сега извршени се 585 тестови.

Во последните 24 часа починати се двајца пациенти во Инфективната клиника, со што бројката на починати се зголеми на 95.

Паралелно со зголемувањето на бројот на новозаразни се зголемува бројот на хоспитализирани или 85,од кои 10 се на интензивна терапија, додека четворица се интубирани и се во тешка здравствена состојба.

Поради трендот на зголемување на лицата кои треба болнички да се лекуваат, Министертвото за здравство и социјална заштита болницата „Шефќет Ндроќи“ повторно ја претвора во Ковид болница.

Од почетокот на пандемјата, во почетокот на март, досега направени се 32.938 тестови, а позитвен резултат е добиен кај 3.571 лице, од кои во списокот на оздравени се внесени 2.014, активни на болеста се 1.462 лица.

По предлог на Комитетот експерти за справување со пандемијата, Владата се очекува да донесе одлука со која носењето заштитна маска ќе биде задолжително, а неносењето парично ќе се казнува.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија